20 Декември, 2025
0.1295

ВЕТУВАШЕ ЛЕСЕН ИЗЛЕЗ А СЕГА …Меј загрижена-што ли ќе ја снајде Британската економија?

Објавено во: Економија 04 Септември, 2016 14:05

Добивај вести на Viber

Британската економија ќе настрада од одлуката за напуштање на ЕУ и покрај присуството на економските податоци дека влијанието нема да е толку сериозно како што предвидуваа прогнозерите. Ова го изјави британскиот премиер Тереза ​​Меј на пат кон Кина за учество на самитот на Г-20, пренесоа агенциите.

Претстојат тешки времиња, изјави Меј. Видовме дека податоците даваат контрадикторни сигнали за ситуацијата во економијата во овој момент. Сметам дека таа ќе реагира подобро отколку што некои предвидоа по референдумот, но јас ќе бидам искрена и нема да лажам дека се оди добро, рече таа.

Меј е придружувана од шефот на Bank of England Марк Карни и од министерот за финансии Филип Хамонд, кој објави фискален стимул за заштита на растот.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави на заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека нема да се водат преговори со Британија за условите за нејзиното излегување од Европската унија, пред Лондон официјално да го активира член 50 од Лисабонскиот договор и да започне процесот на напуштање, пренесоа американските медиуми.

Прелиминарните преговори не се во интерес на преостанатите 27 земји во ЕУ , продолжи Туск, цитиран од агенциите.

„Треба да ги заштитиме интересите на членовите на ЕУ, кои сакаат да останат заедно, а не на оние кои сакаат да ја напуштат Унијата“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба