06 Декември, 2025
0.0387

Ви се верува ли: Два реда чоколадо секој ден помага при јака кашлица

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2014 18:40

Добивај вести на Viber

Состојките на какаото ја блокираат работата на сензитивните нерви и рефлексот за кашлање, со што симптомите на акутна и хронична кашлица се намалуваат за 60%. Најдобар избор е црното чоколадо.

Теоброминот, една од состојките на какаото делотворно ги намалува непријатните симптоми на кашлица, покажала британска студија на Клиника Хул на 300 хоспитализирани пациенти со хронична кашлица.

Тие во тек на две недели земале теобромин два пати дневно во доза од 1. 000 мг, а нивните симптоми се намалиле за 60%.

Иако помага и при акутна и хронична кашлица, чоколадото не е краен лек бидејки симптомите се враќаат штом терапијата со чоколадо ќе прекине, известиле научниците.

Поранешните студии на британското Здружение за здравје на срце и бели дробови утврдиле дека теоброминот го блокира дејството на сензитивните нерви кои се одговорни за рефлексот за кашлање.

Иако повеќето луѓе повремено кашлаат, кај секој 12-ти човек кашлицата е толку изразена што го попречува во секојдневните активности. Научниците советуваат, луѓето кои страдаат од хронична кашлица секојдневно да изедат од еден до два реда чоколадо за ублажување на симптомите.

Во 30 гр незасладено црно чоколадо се наоѓа околу 450 мг теобромин, додека во 30 гр темно слатко чоколадо се наоѓа околу 150гр. од оваа лековита состојка. Очекувано, најмалку теобромин се наоѓа во млечно чоколадо, со само 60 мг на 30 гр чоколадо.

„ Најдобар избор е црно чоколадо, која има и најмал ризик од дебелеење како нуспојава на слатката терапија, истакнал водителот на студијата, професор Алин Морис

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: