20 Декември, 2025
0.6415

Вице Заев превзеде фирма на Боро Стојчев

Објавено во: Економија 05 Септември, 2023 12:46

Добивај вести на Viber

„Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев, познат по тоа што беше уапсен и осуден за шверц на цигари додека беше градоначалник на Општина Ново Село.

Десетина дена пред превземањето од страна на „Тотал Инженеринг“, Бојана БС Панел стана сопственик на местото на Стојчев на фирмата за производство на електрична енергија Бојана Енерџи. Седиштето на двете фирми е во Ново Коњарево во рамки на општината која што ја предводеше Стојчев, кого опозицијата го нарекува уште и „Боро Малборо“.

Поранешниот градоначалник на Ново Село од СДСМ, Боро Стојчев,  заедно со уште едно физичко лице во март минатата година го основаше претпријатието за производство на електрична енергија Бојана Енерџи. 

Стојчев инаку во 2018 заедно со уште четири лица, додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. При тоа беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од над три милиони денари, а тој беше осуден на 18 месеци затворска казна, која подоцна беше намалена на половина година.

За ова време премиер беше Зоран Заев, брат на Вице Заев.  „Тотал Инженеринг“ е најпознатата компанија во сопственост на Вице Заев како инвеститор во изградба и продажба на станбено-деловни комплекси.

Инаку во 2020 фирмата ЕКО- ЕНЕРЏИ КОСМОС, управувана од синот на Боро Стојчев, доби лиценца за одгледување канабис од Министерството за здравство, односно од Владата, одлука што предизвика негативни реакции кај јавноста.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба