Вицепремиерот Битиќи конечно го пријави имотот: Куќа, возило и кредити севкупно од 400.000 евра
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020
Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, го објави Анкетниот лист со податоци за својата лична имотна состојба и таа на неговите најблиски, откако за тоа беше опоменат од Државната комисија за спречување на корупција.
Заменик-претседателот на Владата за изминатото лето за прв пат стана државен функционер, но за да го пријави Анкетниот лист му беа потребни два месеци и гто проби законскиот рок, откако повеќето министри и другите членови на Владата го сторија тоа многу порано.
Битиќи од 2014 поседува куќа во Скопје од 343 метри квадратни во вредност од 17,22 милиони денари. Од возило, поседува Фолксваген T-ROC од 1,2 милиони денари а произведено во 2018. Има и два кредити кои му истекуваат во 2040, од кои едниот од 3, а другиот од 1,5 милиони денари. Сопругата на Битиќи поседува возило Мерцедес Е220, произведено во 2018, со вредност од 1,8 милиони денариа, има и сопственички удел од 310.000 денари.
Покрај Битиќи, опомената за неподнесен Анкетен лист од „Антикорупциска“ беше и министерката за култура Ирена Стефоска. Сега таа навела дека поседува два стана од кои едниот од 56 метри квадратни од 2,1 милиони денари а другиот од 922.00о денари со површина од 16 метри квадратни. И двата се во Скопје, а купени во 2001, односно 1984. Стефоска има и заем од 200.000 денари.
Битиќи пред два месеци за прв пат е избран како државен функционер, а претходно извршуваше само партиска функција во СДСМ како претседател на комисијата за финансии, а беше и советник за економија во премиерскиот кабинет на Зоран Заев. Премиерот Заев за него рече дека во Владата доаѓа од бизнисот, како поранешен извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.