15 Декември, 2025
0.0294

(ВИДЕО) Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2023 20:31

Добивај вести на Viber

Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада во Египет. 

„Русин загина од напад на ајкула“, рече рускиот конзул Виктор Воропаев, идентификувајќи ја жртвата како 23-годишниот Владимир Попов.

Руските медиуми наведуваат дека жртвата е Попов, хонорарен илустратор. На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од нападот. Очевидци велат дека спасувачите се обиделе да го спасат Попов, но кога стигнале до водата, ајкулата веќе го фатила. Руските медиуми јавуваат дека жената, наводно девојка на жртвата, успеала да исплива и да побегне. На снимката може да се види како хистерично плаче на плажата додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.

На туристите кои го посетуваат одморалиштето сега наводно им е забранет влез во водата.

Уловена е ајкулата која уби руски државјанин во Хургада додека тој пливаше во водата.

Руската дипломатска мисија ги повика своите граѓани „да бидат внимателни кога се во вода, строго да се придржуваат до забраните за пливање и нуркање воведени од египетските власти, како и строго да се придржуваат до предупредувањата на персоналот на хотелот и крајбрежната стража“.

Конзулот нагласи дека Попов не е турист, како што претходно објавија медиумите, туку дека живее во Египет. Тој додаде дека плажата „Дрим бич“, каде што се случи трагедијата, е општинска сопственост и дека не е во сопственост на ниту еден од хотелите кои вообичаено примаат туристи, вклучително и оние од Русија.

Лани две жени загинаа на ист начин. Едната беше од Австрија, а другата од Романија. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса