05 Декември, 2025
0.4506

(ВИДЕО) 14 милиони евра: Ѕирнете како изгледа најскапата елка во светот

Објавено во: Стил 16 Декември, 2019 08:46

Добивај вести на Viber

Хотелот со пет ѕвезди „Баија“ во Марбеља, Шпанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, го украси своето лоби со елка од скоро 14 милиони евра.

Вредноста на, можеби, најскапата елка оваа година, е во украсите кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа. Има и доста необични слатки како додатоци… Посебно направени 3Д-печатени чоколадни пауни.


Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици коишто чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.


Оваа елка, што е нејзин засега последен потфат, исто така, вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот. си/


Видео-фото: .rt.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: