Добивај вести на Viber
Полицијата во Босна и Херцеговина уапси четири лица осомничени за измама извршена со лажно пријавување штети настанати во мајските поплави кои ја зафатија оваа земја.
Акцијата со кодно име „Sailor“ („Морнар“) ја извршиле припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на подрачјето на Бања Лука и Мостар.
„Лицата се уапсени заради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело организиран криминал во врска со кривичните дела даночно затајување или измама, царинска измама, противзаконито посредување и злоупотреба на службена положба и овластување“, вели портпаролката на Агенцијата Кристина Јозиќ.
Уапсените се сомничат дека како припадници на организирана криминална група сакале да ја злоупотребат состојбата на природна катастрофа во БиХ и да извршат малверзации за да стекнат имотна корист.
Полицијата ги товари дека фалсификувале документација за да прикажат поголема штета од реално направената во поплавите и да избегнат плаќање на ДДВ. Меѓу уапсените е и еден цариник. Обвинителството дошло до сознанија дека осомничените преместиле големо количество стока наменета за подражба од магацините на фирмата Bauwelt и креирале лажна документција дека стоката е уништена во катастрофалните поплави што ја зафатија БиХ.
Робата во вредност од два милиони евра, тајно била префрлена во други складишта за да се продаде. Со фалсификувани документи со помош на службеник во Управата за недиректно оданочување направиле обид да избегнат и плаќање на ДДВ во висина од околу 750 илјади евра.
Полицијата пребарала шест локации на кои собрала докази за извршените кривични дела, а тројца од осомничените ги уапсила додека заедно го гледале фудбалскиот натпревар меѓу Холандија и Мексико, во осминафиналето на Светското првенство во Бразил.
http://www.youtube.com/watch?v=54ZSerK9ouU