(ВИДЕО) Бегајќи од полицијата, сам се прегазил со својот автомобил
Објавено во: Свет 09 Март, 2018
Сакајќи да побегне од полицијата, Американец од Северна Вирџинија, се прегазил со сопствениот автомобил. Целиот настан го снимила камерата во полициското возило.
Според полицијата, триесетгодишниот Исак Бонсу не е повреден, но е уапсен поради возење под дејство на опијат.
Снимката сведочи како тој излегува од автомобилот во предградието Вашингтон, но најверојатно заборавил да ја повлече рачната кочица и кога истршал од возилото, тоа о удрило.
Тој набрзо станал и продолжил да трча.
Полицијата по краткото бркање го уапсила и навела дека не бил вооружен.