19 Декември, 2025
0.1157

(ВИДЕО) БЕРЛИН ДЕНЕС: Над 100.000 на одбележувањето на четврт век од падот на Берлинскиот ѕид

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2014 20:04

Добивај вести на Viber

Одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид приблече повеќе од 100.000 жители и туристи во центарот на овој некогаш поделен град. Голем број од нив се собраа покрај „појасот на смртта“ од 15 километри каде штп некогаш стоеше ѕидот, а на чие место сега беа поставени 8.000 светлечки балони. Балоните биле поставени на висина од 3,6 метри, колку што бил навистина висок ѕидот, што во 1961 година го подигна поранешната Источна Германија во обид да ги спречи своите жители да преминуваат во западниот дел на градот. Германската канцеларка Ангела Меркел, која пред 25 години беше млада научничка во комунистичкиот источен Берлин и која на 9 ноември 1989 година исто така ја почувствува слободата, вели дека уривањето на Ѕидот засекогаш ќе биде запаметено како триумф на човечкиот дух. „Падот на Берлинскиот ѕид ни покажа дека соништата можат да се остварат и дека ништо не мора да биде онака како што е, без разлика колку некои пречки изгледаат големи“, рекла 60-годишната Меркел, која од 2005 година е на чело на обединета Германија. http://www.youtube.com/watch?v=cwyQYfVnzps Се верува дека повеќе од 100.000 жители на Источна Германија се обиделе да побегнат во западниот дел по ненадејното подигање на ѕидот во 1961 година. Од нив, најмалку 600 биле убиени, од кои 136 на самиот Берлински ѕид. Во моментот кога 8.000 светлечки балони од Ѕидот беа пуштени во воздухот вечерва, Берлинската филхармонија ја изведуваше Одата на радоста, од Деветтата симфонија на Бетовен, неофицијална химна на мирот и на единствена Европа.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја