18 Април, 2024
0.0255

(ВИДЕО) БОЖИЌНАТА РЕКЛАМА НА ХИТРОУ: Кадифените мечки повторно се тука

Објавено во: Стил 15 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во последните две години божиќните реклами на аеродромот "Хитроу" ги освоија срцата на многу луѓе низ целиот свет благодарение на нивните херои - Дорис и Едвард Блер. Оваа година кадифени мечки повторно се тука и од британскиот аеродром ни подаруваат уште една топла празнична приказна.

Краткометражен филм е снимен под звуците на песната на Пол Јанг "Секој пат кога си одиш", која ја опишува среќната двојка, која се насладува на пензионирањето во Флорида, пред да се врати дома во Велика Британија за да се наслади на британскиот Божиќ .

Спотот започнува со Едвард кој спокојно си ужива, носи очила за сонце и жолт костим за капење и се премачкува со крема за сончање. Тогаш ја гледаме неоговата драга стара Дорис која украсува елка, облечена со хавајска кошула.

Но, работите се влошуваат кога Едвард го отвора фрижидерот и наоѓа само кутија со fast food. Работите сосема се уништуваат кога елката која Дорис која помина толку долго време да ја украси, паѓа.

Барајќи очајно спасение од ситуацијата тие одлучуваат да зборуваат со некои роднини од Велика Британија по Skype и празникот во Флорида набрзина згаснува во позадина на глетката на Божиќна британска атмосфера.

Така мечките решаваат да ја напуштат топлата клима и да се вратат дома за празниците, за да го изненадат семејството.

Во еден од најпознатите моменти, кои ги гледаме е бакнежот на кадифените мечки во авионот и нивното фаќање  за раце на аеродромот "Хитроу".

„Љубовта на нацијата кон Дорис и Едвард е голема, откако ги сретнавме за прв пат во 2016 година. Затоа гледаме како мечките се враќаат кај своето семејство од потопла клима, нешто што многу од патниците на" Хитроу" го прават за празничната сезона“- вели Рос Бејкер, главен комерцијален директор на аеродромот.

Погледнете го видеото и генијалната реклама на Хитроу.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре