19 Декември, 2025
0.0544

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2024 09:09

Добивај вести на Viber

Игор и Дејан Кимовски, сопственици на СЕТЕК, се најновите гости кои ги гледаме во „Бизнис муабети“ на Фактор. Почнуваат од нула пред 31 година, а денес имаат повеќе од 500 вработени, приходи преку 60 милиони евра и профит над 2 милиони евра.

Започнале со продажба на големо на десктоп компјутери и ИТ дистрибуција како претходна компанија пред ребрендирањето на „Сетек“. Потоа следувала ТВ и аудио опрема

Игор започнал со бизнисот кога имал 18 години, додека помалиот Дејан тогаш имал 16 години. Љубовта кон компјутерите ги привлекло да станат претприемачи. Браќата додаваат дека во меѓувреме за успех било потребно и добра логистика, кредитирање и маркетинг.

- Одевме по саеми, а имавме само по околу 20 години. На таа возраст требаше да оставиме добар впечаток кај странците за да ја стекнеме нивната доверба и да ги застапуваме нивните брендови, вели Игор.

Еден од добрите потези,според браќата бизнисмени, било купувањето на познатиот сервис „Видео Дата“, а велат дека речиси целата добивка секогаш ја реинвестираат следната година.

- Најмногу се продаваат машини за перење, но најмногу издвоени пари за еден производ што се купува е мобилниот телефон. Купувачите сакаат да имаат скап мобилен телефон и даваат по 100.000 денари за еден, рече Дејан.

Браќата велат дека производите не ги купуваат преку увозници, туку дека имаат директни договори со „Самсунг“,„Бош“, „Филипс“, „Ел-Џи“ „Мидеа“ и „Електролукс“, но за тоа претходно требало успешно да ги убедат генералните директори за соработка и продажба на нивните брендови.

Според браќата, мрежата од повеќе од 30 продавници е оптимизирана и повеќе нема да се отвораат нови салони,туку концентрацијата ќе биде насочена на подобрување на квалитетот и услугите.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии