(ВИДЕО) Брод се прврте и потона северно од Шкотска, се трага за екипажот!
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2015 18:33
Осум лица се водат како исчезнати во поморската несреќа северно од Шкотска, кога се превртел а потоа потонал шлепер „Cemfjord“ кој носел цемент од Данска за Англија.
Траектот кој пловел низ Пентланд Фирт, каналот кој го спојува Северното море со Атлантикот, забележал вчера дел од трупот на превртениот брод како се гледа над водата. „Cemfjord“ пловел под кипарско знаме.
Британски спасувачки тимови со два хеликоптери и четири бротчиња за спасување денеска ги бараат исчезнатите од бродот кој тргнал од данскиот Алборг кон англиски Ранкорн на западниот брег на таа земја.
Последните видливи делови на трупот потонал денеска, така што пловилото долго 83 метри повеќе не е видливо на површината на океанот, изјавиле претставници на Поморската и крајбрежна агенција.
Портпаролот на германската поморска компанија која управува со бродот Тони Рединг изјавил дека немало вознемирувачки сигнали од „Cemfjord, и дека последната комуникација со пловилото била рутинска. Додал дека осум од членовите на екипажот биле Полјаци и еден Филипинец.
Еден друг товарен брод - шлепер за автомобили - вчера се заглавил кај Солнета помеѓу Саутемтон и островот Вајт. Претставници наведуваат дека сите 25 членови на екипажот се спасени, но дека бродаот и денеска е заглавен во карпите, надвиснат под агол од 45 степени.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




