15 Декември, 2025
0.0792

(ВИДЕО) ЧУДО ИЛИ ПРОКЛЕТСТВО: Мистерија без одговор…

Објавено во: Свет 01 Август, 2014 21:14

Добивај вести на Viber

Мистериозно езеро се појавило среде пустина во Тунис, а што е причината за овој природен феномен научниците немаат одговор. Езерото, кое локалните жители го нарекле „Гафса плажа“ го откриле сточари пред три недели. Надлежните ги предупредија жителите дека водата, која првично беше кристално сина, а сега е темнозелена и полна со алги, би можела да биде канцерогена. Сепак Тунижаните не можат да одолеат, а да не влезат во езерото кога температурите се искачуваат над 40 степени. До сега се избањале неколку стотици, а меѓу нив и мали деца. „Некои веруваат дека езерото е чудо, додека други сметаат дека станува збор за проклетство. Езерото се наоѓа на подрачје богато со фосфати, па водата би можела да содржи и радиоактивни материи опасни за луѓето“, пишуваат медиумите. Нема никакво официјално објаснување од каде се појавило езеро среде широка пустина. Некои геолози веруваат дека сеизмичките активности довеле до пораст на нивото на водата, односно нејзино избивање на површината. Локалните власти, пак, проценуваат дека во езерото, кое зафаќа површина од над еден хектар би можело да има дури еден милион кубни метри вода, со оглед на тоа што неговата длабочина се проценува на меѓу 10 и 18 метри. http://www.youtube.com/watch?v=0D4al0vhC88

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела