(ВИДЕО) Дачиќ: Само слепец не може да види дека се работи за создавање „Голема Албанија“
Објавено во: Балкан 07 Август, 2018
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, во интервју за РТС истакна дека главна пречка во постигнувањето на договор со Приштина се максималистичките цели на Косово, според кои се бара еднострано признавање на независноста, но дека тоа не е се.
Тој истакнал дека поделбата на Косово е негово лично мислење зад кое стои уште пред десет години, но и дека таквиот став го имал и Зоран Ѓинѓиќ, кој успеал да го навлече на себе гневот на западните земји. Дачиќ смета дека крајната цел е да се протераат Србите, кои останаа во Косово и со тоа да се комплетираат чекорите кои водат кон создавање на „Голема Албанија“ и дека само слепец не може да ја разбере политиката која ја води Косово.
Потребно е спасување на српскиот народ, бидејќи ако тој се протера од Косово, тогаш ќе нема територија која може да се брани. Во интервјуто, Дачиќ меѓу другото зборува и за прославата на „Олуја“ и статистиката според која во 1971 година, во Хрватска живееле 626.000 Срби, а денес се само 186.000.