(ВИДЕО) Десетчлено семејство се спаси, пропуштајќи го кобниот лет на „Ер Азија“
Објавено во: Свет 29 Декември, 2014 19:39
Едно десетчлено индонезиско семејство пропуштајќи го летот ја избегна судбината на патниците на исчезнатиот авион на малезиската компанија „Ер Азија“, кој во неделата со 162 лица се изгуби од радарот над Јаванско море, на летот од индонезискиот град Сурабаја кон Сингапур.
Семејството од шест возрасни и четири деца првобитно имаа лет закажан за седум часот и 30 минути, но од компанијата им јавиле да го поместат тргнувањето за два часа порано.
„Стигнавме на аеродромот да се пријавиме за летот во 7.30 но ни кажаа дека летот е поместен за во 5.30 и дека сме задоцниле. Секако, бевме лути“, раскажува 36-годишната Кристијанавати, чија мајка и семејство требаше да отпатуваат во Сингапур за дочек на Новата година.
„Ни пратиле и електронски меил и не повикувале на телефон на 15 и 16 декември да не информираат, но ние ги пропуштивме и мејловите и повиците“, рекла таа, додавајќи дека членовите на семејствата, додека им идавале нови карти, слушнале дека авионот се урнал и веднаш го откажале летот.
„Бев шокирана кога слушнав и плачев. Како да е тоа божји план моето семејство и јас да не бидеме во тој авион. Тоа било среќа во несреќа“, рекла Кристијанавати и изразила надеж дека авионот ќе биде пронајден и дека сите патници и екипажот ќе бидат добро.
Индонезијката , истовремено, рекла дека нејзината доверба во компанијата „Ер Азија“ е изгубено.
„Патуваме во Сингапур два пати годишно и секогаш со таа компанија. Сметаме дека е сигурен превозник (...) но сега нашата доверба во „Ер Азија“ донекаде е изгубена и ќе се држиме до „Гуарда Индонезија“, рекла Кристијанавати
Меѓународниот тим денеска ја продолжи потрагата за исчезнатиот авион а семејствата нестрпливо чекаат вести за своите најблиски, пренесуваат новинските агенции.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




