(ВИДЕО) ДЕТЕ ХЕРОЈ: Со своето знаење помогна за спасување од пештерата во Тајланд
Објавено во: Свет 11 Јули, 2018 19:21
Од 12 деца на возраст од 11 до 17 години, заглавени во пештерата во Тајланд, еден од нив, 14 годишниот Адул Сам-Он имал доста важна улога во спасувањето.
Адул имал тешко детство затоа што е роден во племе во Мјанмар кое е познато по трговија со дрога.
Неговите родители сакале да му обезбедат подобар живот, и затоа се преселиле на Тајланд кога тој имал 6 години.
Во училиште поради добрите оценки и успесите на спортските натпреварувања му донеле стипендија.
Детето течно зборува пет јазици, англискиот, таи, бурмански, мандарински и ва (јазикот со кој се служат припадниците на етничката група Ва, во Кина и Бурма).
Баш тоа му овозможило да комуницира со спасувачите. Кога се појавил првиот нуркач Британец, Адул разговарал со него објаснувајќи му дека се гладни. Исто така, прашал колку долго се во пештерата и кога ќе можат да излезат.
Тоа им ја олеснило комуникацијата, затоа што волонтери и спасувачи од сите краеви на светот се собраа на Тајланд како би им помогнале на децата.
Местото Мае Саи, каде дечињата играат фудбал се наоѓа во т.н. Златен триаголник, каде што се сретнуваат Тајланд, Мјанмар и Лаос.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




