26 Мај, 2024
0.0246

(ВИДЕО) Еве како изгледа град кој 25 години бил под вода

Објавено во: Стил 05 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Вилја Епекуен, старо туристичко место јужно од Буенос Аирес четвртина од векот било под вода. Некогаш овде живееле повеќе од 5.000 жители, а илјадници туристи од престолнината на Аргентина овде го поминувале годишниот одмор.

Меѓутоа, во 1985 година браната попуштила и солената вода длабока десет метри го поплавила градот кој се претвори во некој вид модерна Атлантида.

Луѓето се качувале по крововите надевајќи се дека водата ќе се повлече, но тоа не се случило.

За само два дена градот е напуштен и уништен.

Водата почнала да се повлекува дури во 2009 година, а глетката која осамна дејствува апокалиптично. Она што некогаш биле улици сега се распоредени мртви дрвја, рѓосани железни кревети надзираат од бетонскиот шут, а патоказите не покажуваат никаде.

Еден човек се`уште живее на ова опустошено место. Пабло Новак е единствениот човек кој не го напуштил родниот град кога водата го проголтала во 1985 година. Тој живее во куќа од камен, во која има фрижидер и шпорет.

 

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“