18 Мај, 2024
0.0311

(ВИДЕО) Еве што може да купите за еден долар во светот

Објавено во: Стил 12 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку сакате да патувате, а немате доволно пари, имаме решение за вас. Ви претставуваме што се може да се купи за само еден долари, листа на работи кои сигурно ќе ве изненадат пријатно.

Светските туристички агенции креираа инфографика на која можете да видите што се можете да купите ширум светот за еден долар.

Мислевте дека за еден долар не може ништо да купите? Не сте во право. Британскиот издавач на туристички книги „Лонли планет“ спроведе анкета меѓу своите читатели, прашувајќи ги што може кај нив во соседството да купат за долар. Прочитајте што се може да купите.

Ако некогаш се најдете во Египет, за долар можете да изедете чинија „кошарија“. Тоа е јадење направено од шпагети, ориз, леќа и пржен кромид. Во Индија можете да изедете ориз колку ви сака душата без ограничување.

Во Австрија нема да можете да купите количина колку во претходните земји, но, ќе може да ја земете популарната кифла „Kornspitc“, барем да го задоволите гладот. Во САД нема многу што да се купи за долар, но вашиот автомобил ќе може да го паркирате безбедно. Виетнам е тропска земја и потребно ви е да имате заштитена глава, а нивниот препознатлив шешир од бамбус чини 1 долар. Тоа не е се. Во оваа змеја три пара обувки и пет пакувања супи чинат по еден долар.

Во Непал за овие пари можете да пазарувате 10 кнедли и 250 милилитри кола-кола. Додека во Италија за 1 долар може да испиете флаша ефтино вино додека јадете килограм шпагети за истите пари. А ако после лошиот алкохол ве заболи глава, со една таблета бруфен по истата цена ќе го решите проблемот.

На Атлантскиот океан, во Португалија, додека гледате во преубавата природа, може да испиете еспресо за долар. На Филипините е вистински рај за оние кои сакаат да фантазираат. За само еден долар добивате масажа на стапалата во траење од 45 минути. Ова досега е можеби најдобрата понуда од сите наведени земји.

Арапското јадење „шаварма“ во богатите Обединети Емирати чини долар. Тоа е нешто како грчко гиро и турски кебап, а во него се ставаат разни локални зачини. Се е популарно кај нас, така да може да го пробате ова вкусно јадење доколку не сте.

Во главниот град на Колумбија, Боготи, кафе и две бисквити чинат долар. Во Велика Британија е малку поширок изборот на роба за купување.

Две цигари, три четвртини млеко, пола литар дизел гориво и весниците се по долар.

Во Јужна Кореја дури можете да патувате со градски сообраќај. Метро картата чини долар, а ако сакате да се маскирате, тука е и костимот за глава за исти пари. Бидејќи нашите луѓе често патуваат кај нашите соседи, во Унгарија можете да го паркирате автомобилот во центарот на градот на пола час, да прочитате локани весници, изедете четири јаболки или да се почастите со бургер во Мекдоналдс.

Кај Хрватите имате можност, особено ако одите на приморје, да се расладите со кугла сладолед.

Данска исто така има разновиден избор за само еден долар. Литар млеко, чоколада, краставица и една разгледница за локалната состојба чинат по долар.

Ако се најдете во Средна Америка, конкретно во Костарика ќе јадете здраво за мали пари. Лубеница, папаја и ананас чинат по еде долар, а дколку не сте љубител на овошјето за истите пари може да уживате во шолја кафе. Постојат доста држави на светот кои се поделени на два дела, на богати и сиромашни. Така е и на Канарските острови. Ако сте на северот, може да пиете кафе, додека на југ за долар можете да земете само пола шолја.

Во градот на светлината Париз, околу 40 одсто кафе во „Старбакс“ можете да го купите за долар. На карпестите Фарски острови цените за наши услови се солени, така да можете да џвакате мастика за доалр. Ако имате среќа, ќе налетате во маркет на јаболки, а може да купите дури две. Во далечната Австралија може да си ја пробате среќата за долар. Среќќата греб-греб може да ви го промени животот, доколку ја изгребете вистинската комбинација. Погледнете го видеото