06 Декември, 2025
0.0354

(ВИДЕО-ФОТО) ИНТЕРЕСНА СРЕДБА: Се сретнаа највисокиот и најнискиот човек на светот!

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2014 20:40

Добивај вести на Viber

Султан Косен висок 2,51 сантиметри и официјално највисокиот човек на светот и Чандра Бахадур Данги, кој со своите 54,6 сантиметри ја носи титулата најнисок човек на светот, се сретнаа денеска по повод Денот на Гинисовата книга на рекорди.

Средбата на големиот Турчин и малиот Непалец се случи во Лондон, на трвата пред Вестминстерската палата, каде двајцата рекордеи се напија чај.

„Воодушевен сум што го запознав највисокиот човек на светот. Бев љубопитен да видам како изгледа мојата антитеза“ рекол 75-годишниот Днаги кој се појавил во традиционална напалска носија.

„Се прашував колку е навистина висок и до која висина моите нозе достигаат“, возвратил 32-годишниот Косен, признавајќи дека сопствената висина му создава сериозни здравствени проблеми.

Имам болки во колената. Кога стојам подолго, се заморувам“; објаснил младиот Турчин кој дошол во темно одело со црвен тепих.

Освен што е највисок човек на светот, Косен го држи и рекордот на најдолги дланки на светот со импресивни 28,5 сантиметри од зглобовите до врвот на средниот прст.

Ширум планетата, многумина денеска се обидуваат да постават нови рекорди: во Кина 289 луѓе истовремено јаделе доручек во кревет, во Австралија 500 деца заедно ја дрмале главата, во Јапонија натпреварите се натпреварувале во трчање со велосипеди на четири тркала, во Франција танчерките на познатото париско кабаре Мулен Руж изведоа најголем број кревања на нозете во канкан...

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: