(ВИДЕО-ФОТО) Кој е виновен: Хаос во Приштина, Курти ослободен!
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2015 16:55
Судири помеѓу демонстрантите и полиција избувнала вчера вечерта во Косово по апсењето на истакнат опозициски политичар кој стои зад кампањата против склучувањето на важен договор со Србија, пренесуваат локалните косовски медиуми.
Облаци од солзавец го исполнија централниот дел на Приштина. Полицијата успеа да ги растера стотиците демонстранти, кои фрлаа со камења и ја демолираа централната полициска станица со барањето да биде ослободен Албин Курти - пратеник и основач на опозициската партија „Самоопределување“.
[gallery ids="179579,179580,179582"]Репортер на „Ројтерс“ раскажува дека неколку државни автомобили биле запалени.
Подоцна Курти беше ослободен. Неговиот притвор е поради инцидентот минатата недела, кога пратеникот фрли димни бомби во парламентот и тоа ја наметна неговата евакуација. Активностите на Курти се во знак на протест против договор кој дава повеќе овластувања на српското малцинство во Косово.
[gallery ids="179583,179584,179585"]Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, речиси 10 години по воздушните напади на НАТО во 1999 година против режимот на Слободан Милошевиќ.
Според опозицијата во Приштина договорот, поддржан од ЕУ, е закана за тешко извојувана независност на земјата.
[gallery columns="2" ids="179586,179587"]90% од 1,8-милионското население на Косово е составено од етнички Албанци.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tNBxSUsF2NU[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




