Добивај вести на Viber
Двајца припадници на нујоршката полиција загинаа откако непознат напаѓач отворил оган врз нив и им нанел течки телесни повреди, пренесуваат светските медиуми.
За време на изненадниот напад полицајците седеле во своето патролно возило во Бруклин.
Според прелиминарните извештаи, полициските службеници работеле прекувремено во рамки на антитерористичките вежби кога изненадно биле нападнати од напаѓачот.
Веднаш по пукањето напаѓаќот се дал во бегство во блиската метро станица каде е убиен.
Според првитчните информации тој најверојатно извршил самоубиство.
Очевидци рекле дека виделе двајца полициски службеници како влетале во метро станицата откако претходно се слушнале истрели.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=bt7kFOUcJSA[/embed]