19 Декември, 2025
0.0592

(ВИДЕО-ФОТО) Нереди во Белгија: Протестантите се судрија со полицијата, на улиците горат автомобили

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2014 19:16

Добивај вести на Viber

Протестот во Белгија на кој учестуваа околу 100 илјади лица стана насилен.  Полицијата била приморана да употреби солзавец и водени топови како би ги растерала протестантите.

Тие се судриле со полицијата и запалиле неколку автомобили.

Досеега не се пријавени жртви, а 14 протестанти се префрлени во болница, јавуваат тамошните медиуми.

Овие демонстрации се почеток на низата протести кои се очекуваат во следните неколку недели. Станува збор за контраофанзива на синдикатите, социјалистите, Зелените и партијата на крајната левица против мерките кои ги најави владата на Чарлс Мишел. Владата ја сочинуваат три фламански десничарски партии и Мишеловите фракнофонтни либерали.

Владата, која должноста превзеде минатиот месец, најави мерки забуџетските заштеди од 11 милијарди евра во текот на следните пет години. Тие мерки, меѓу другото, го вклучуваат предлогот следната година да се прескокне индексација на платите и социјалните бенефиции - во Белгија на сила е законот со кој автоматски се зголемуваат платите и социјалните давачки во висина на инфлацијата, потоа продолжение на работниот век од 65 на 67 години живот од 2030 година. Мерките за штедење се предвидени во подрачјето на културата, научни истражувања, јавниот сервис.

Владата вели дека тие мерки ги превземала како би го задржала буџетскиот дефицит во рамките кои ги доволуваат правилата на ЕУ а како би се создале подобри услови за економијата со ниски даноци поради зголемената конкуренција.

Синдикатите најавиле низа штрајкови по белгискте покраини следните недели, а како кулминација најавен е општ штрајк во целата земја на 15 декември.

Ова се најголемите демонстрации во последните неколку години. Демонстрацииниз целата држава против мерките на штедење се одржани и во декември 2011 и во февруари минатата година кога излегле меѓу 50 и 80 илјади луѓе.

Во еден момент дошло до судир меѓу протестантите и полицијата, па полицијата морала да реагира со солзавец и водени топови.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја