(ВИДЕО-ФОТО) Овие жени се страв и трепет за џихадистите, а како им се спротивставуваат?
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2014 17:20
Борците на Исламската држава им се заканиле на женските членки на „Пешмерги“ што е назив за курдските милитантни групи и во превод значи „оние кои се соочуваат со смртта“, дека ќе ги оженат доколку ги заробат.
Наредничката на вториот баталјон на женската единица „Пешмерги“ , полковничката Нахида Ахмад Рашид изјавила дека џихадистите планираат да ги оженат.
-Ни се заканија дека секоја припадничка на „Пешмерги“ ќе ја оженат. Дури и оние кои им се одвратни и кои воопшто не ги сакаат од сексуални причини, објаснува наредничката.
Затоа Рашид од таа причина им наредила на сите воинки да зачуваат по еден куршум доколку ги заробат.
-Им реков на моите воинки на првите линии на фронтот во џебот да имаат секогаш еден куршум повеќе, во случај да паднат во рацете на бруталните џихадисти. Не сакам ниту една од нив да биде заробена - вели Рашид.
Тврди дека досега немало такви случаи но дека во редовите на ПКК (Работничката партија на Курдистан), кои се борат во Кобане, имало случаи каде женските воинки биле присилени да превземат таков радикален чекор.
-Минатата недела, една припадничка на ПКК, остана сама опкружена со борците на Исламската држава. Изврши самоубиство отколку да падне во нивни раце - вели Рашид.
Курдските „Пешмерги“ се позната воена единица која во својот состав освен мажите ги користи и жените. Сите заедно рамо до рамо се борат на првите линии на фронтот.
-Токму од таа причина ние сме врвот на копјето кое е фрлено во жестока битка со џихадистите. Од нас посебно се плашат бидејќи веруваат дека нема да одат во рајот доколку ги убие жена. Борците на исламската држава се неиузмерно лицемерни. Сакаат да не потценат, но истовремено од нас се плашат до смрт - вели Рашид.
Така одлучна наредничката на храбрите женски воинки им упати јасна порака на џихадистите.
-Ќе ве најдеме. А кога ве најдеме ќе ве убиеме. Се додека не умрам, се до мојата последна капка крв, ќе се борам против ИС -истакнува таа.
Исто така таа напоменува дека нема никакви разлики помеѓу мажите и жените во борбената единица на „Пешмерги“ освен фактот дека жените носат полесно оружје. Додава дека секој ден се повеќе жени сакаат да пристапат на „Пешмерги“ а една од нив е и нејзината 10 годишна ќерка.
-Вели дека сака да им се одмазди на ИС за сите злосторства кои ги направиле над децата - раскажува низ горделива насмевка наредничката Рашид.
(Извор:dailymail.co.uk)Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја






