Добивај вести на Viber
После невремето кое погоди поедини делови на Србија, посебно се исплашиле жителите на Јагодина кои забележале необична појава во својот град.
Имено, како што може да се види на снимките кои се веќе го преплавија Фејсбук и Твитер, а и видеа на Јутјуб, во Јагодина на небото се појавила пијавица, односно торнадо.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/e2E8zlRULp4[/embed]
Невремето почнало околу 13:30 часот и траело околу половина час. Веднаш потоа над градот, од западната страна, се појавил црн облак во вид на пијавица.
И сами може да забележите дека после торнадото останало пустош.
Летале кровови, контејнери, а најмалку две куќи претрпеле голема штета.
Бурното невреме, пропратено со дожд, град и силен ветер кој вчера ја зафати Јагодина, најголема штета направило во селото Драгоцвет.
Во тоа село се оштетени над 35 куќи .
Како што соопштила Информативната служба на градот, во Драгоцвет, околу 10 км западно од Јагодина, се урнати или оштетени крововите на 35 куќи, а штетата е направена и на земјоделската механизација.
Српските медиуми пренесуваат дека на терен е и Комисијата за проценка на штетата која ќе го утврди точниот обем на оштетување кое домаќинствата го претрпеле.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yTpLtmqgczI[/embed]