(ВИДЕО) ГЕРМАНЕЦ ЖИВЕЕ ВО ДИВИНА 30 ГОДИНИ: До најблиското село има седум дена одење пеш
Објавено во: Свет 08 Август, 2017
Јо Бентфелд отсекогаш сакал да живее сам далеку од врева.
Во 1932 година ја остварил оваа своја желба иако работел како столар и полициски комесар.
Отишол прво во Скандинавија, но таму имало многу туристи и не бил сосема сам.
Потоа заминал во Канада близу границата со Алјаска каде си изградил свој дом.
Прво друштво му правела сопругата Сабине, но по разводот живее сосем сам, а во сите овие години го посетиле 30 луѓе.
Овој човек вели дека сите обврски мора да ги заврши сам, а кога тоа ќе го направи има време за лов, риболов и пешачење.
„Јас сум здрав и 30 години поминав во дивина. Следното индијанско село е оддалечено 7 дена одење пеш низ прашума“ - вели Бентфелд.
Тој сега има 85 години и додава дека на север нема опасни животни.
За животот во самотија вели дека е убаво и дека се чувствува како да лебди на облаци.