(ВИДЕО) ГО ПОМИНА ДЕТЕКТОРОТ НА ЛАГИ: Овој патник низ времето тврди дека доаѓа од 17 век
Објавено во: Стил 06 Јуни, 2018 20:56
Џејмс Оливер кој зборува со британски акцент вели дека доаѓа од 17 век.
Тој со неговото тврдење излезе на YouTube каналот ApexTV, и за него беше организиран тест за утврдување дали тој ја кажува вистината или не.
Човекот зборува со бирмингемски акцент и вели дека неговата временска машина се расипала, па затоа тој е заглавен во 2018 година и не може да се врати во неговото време. Дури рече дека не доаѓа од Земјата, туку од планета која е повеќе оддалечена од Сонцето, па затоа неговите години се „различни“ од нашите.
„Во моето време голем број математичари работат деноноќно за да ја откријат врската помеѓу начинот на кој вие го сметате времето и начинот на кој ние го сметаме. Со овие пресметки, јас доаѓам од годината која по вашиот календар е позната како 6491“- вели тој.
Временскиот патник објаснува дека глобалното затоплување ќе ѝ предизвика голема штета на Земјата и дека како резултат на тоа оваа планета ќе станува потопла.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





