20 Декември, 2025
0.0469

(ВИДЕО) ГОЛЕМИ НЕМИРИ ВО САД: Полицијата со солзавец и предупредувачки истрели ја растерува толпата

Објавено во: Свет 25 Декември, 2014 13:40

Добивај вести на Viber

Двајца полициски службеници се повредени, а четири лица уапсени во нередите до кои дојде во предградието Сент Луис, во Беркли, откако се случи уште еден инцидент во кој полицаец со истрели од огнено оружје усмрти еден афроамерикански тинејџер, се вели во полициското соопштение. Групата демонстранти доцна синоќа го блокирала сообраќајот во Беркли на околу 45 минути, а според изјави на очевидци, полицијата користела солзавец за да ја растера разлутената толпа, пренесува „Ројтерс“. Демонстрантите легнувале на улиците во знак на протест против убиството кое го изврши полицијата. SAD Тинејџерот Антонио Мартин (18) беше убиен пред два дена на бензиска пумпа недалеку од Фергусон, каде претходно бел полициски службеник го уби и тинејџерот Мајкл Браун. Градоначалникот на Беркли, Теодор Хоскинс, изјавил дека овие два инциденти не може да се споредуваат и дека не сака да избрзува со заклучоци, но потенцирал дека постојат видни разлики помеѓу овој и инцидентот во кој загина Браун. Сличен став изнела и сенаторката на државата Мисури, Марија Шапел – Надал, која се нашла на удар на протестите за Браун бидејќи рекла дека верува оти полицискиот службеник во Беркли имал оправдување да пука. До пукањето дошло откако полицискиот службеник дошол да провери пријава за кражба. Полицаецот излегол од својот автомобил за да разговара со двајца мажи на бензиската пумпа но еден од нив вперил во него револвер од 9 мм. Потоа и полицаецот го извадил својот револвер, исчекорил наназад и испукал три куршуми, од кои еден го погодил момчето и веднаш го усмртил. Во САД веќе подолго време се води жестока дебата во врска со односот на силите за безбедност кон Афроамериканците, како и поради претерано агресивните акции на полицијата. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=mOMrwtgGrI0[/embed]  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја