06 Декември, 2025
0.2888

(ВИДЕО) Хотел за оние кои планираат да се разведат!

Објавено во: Стил 18 Септември, 2014 16:51

Добивај вести на Viber

The Gideon Putnam Resort“ се наоѓа во Њујорк, и помеѓу останатото, има викенд пакет за разведени, поточно за парови кои во тој статус ќе бидат допрва.

Цената на пакетот изнесува 500 долари, а на паровите кои наскоро ќе се разведат овој хотел им нуди можност да бидат дел од реалното шоу кое наскоро ќе почне да се емитува на телевизија.

Ако се прашувате каде би отишле заедно пред развод, еве одговор - овој хотел им пружа можност во комотен и мирен амбиент, уште еднаш размислат за се, или само да се опуштат после расправиите и стресот кој им претходи на сите разводи.

Хотелот се наоѓа во убаво природно опкружување, така да на гостите на располагање им се зелени градини и паркови, спа третмани, базени но и професионален персонал обучен да им помогне на оние пред разводот лесно да ја пребродат тешката емотивна состојба.

Каква е посетата и дали можеби, некој од паровите се предомислил после престојот во хотелот за разведени не е соопштено.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: