19 Декември, 2025
0.0472

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Украински дрон погоди руски град на 1.300 километри од границата

Објавено во: Свет 01 Јули, 2025 16:26

Добивај вести на Viber

Во украински напад со беспилотни летала врз градот Ижевск во Русија, има жртви, објавија локалните власти. Градот е на 1.300 километри од украинската граница. 

„Една од компаниите во Ижевск беше нападната со беспилотни летала (...) Сите служби за итни случаи излегоа на местото на настанот. Има жртви. Пожарникарите ги гаснат пожарите“, напиша Бречалов на својот Телеграм канал, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Тој потврди дека, покрај службите за итни случаи, на местото на настанот излегле и психолози и друг медицински персонал. 

„На повредените им е пружена потребната медицинска помош“, објави Бречалов.

Руската новинска агенција објави дека утрото во 09:00 часот по московско време, на аеродромот во Ижевск се воведени привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони.

Министерството за здравство на Удмуртската Република отвори телефонска линија за информации за жртвите, а Републичкиот центар за ментално здравје отвори телефонска линија за да им се помогне на граѓаните на Ижевск. 

Во окупираниот Крим, како што објавија локалните канали на Телеграм, имало експлозии во близина на градот Курортное, каде што наводно се наоѓаат руски системи за воздушна одбрана С-300/С-400 и радарски станици. Војната трае 3.5 години. Украина и претходно гаѓаше цели длабоко во руска територија. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт