19 Декември, 2025
0.0807

(ВИДЕО) ИРАН СЕ ОДМАЗДУВА: Нападнаа американски бази

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2025 19:32

Добивај вести на Viber

Иран вечерва објави дека ги нападнал американските сили во воздушната база Ал-Удеид во Катар, откако новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ објавија дека се слушаат експлозии над Доха. 

„Ова е моќен и успешен одговор од иранските вооружени сили на агресијата на Америка“, објави Иран.

Иранската револуционерна гарда кажа дека лансирала проектили и кон американска воена база во Ирак.

Катар претходно донесе одлука за затворање на својот воздушен простор поради „веродостојна закана“ дека ќе биде нападнат Коалицискиот центар за воздушни операции во Ал-Удеид, најголемата американска воена база на Блиски Исток, во која живеат околу 8.000 американски граѓани. Американската амбасада во Катар претходно ги предупреди своите граѓани да се засолнат до натамошно известување.

Ден претходно, САД ги бомбардираа трите ирански нуклеарни постројки, за што Иран вети дека ќе се одмазди.

Иранците се заканија дека 50.000 американски војници ќе бидат испратени дома во ковчези. 

Прво Израел, а потоа и САД го нападнаа Иран. Израел тврди дека ако Иран направи нуклеарно оружје, тоа ќе биде закана за нив. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја