(ВИДЕО) ИСПЛАТЛИВ БИЗНИС: Ќе засадите семе, ви „никнуваат“ илјадници евра
Објавено во: Економија 04 Април, 2017
Постојат билки кои се исплатливи за одгледување и можат да донесат заработка во илјадници евра, пишуваат српските медиуми.
Таков пример смилот. Етеричното масло од оваа билка се продава по 1800 евра за килограм.
Него го користат за отстранување на брчки, рани, стрии и модринки.
Оваа билка содржи колаген и затоа Французите ја нарекуваат бесмртна билка.
Шанса за добивка има, затоа што смилот не е многу распространет и бројот на одгледувачи е мал.
Почетните вложувања се 3000 до 5000 евра по хектар, а во првата година ќе си ги вратите трошоците, и во третата веќе ќе имате заработка.
Оние кои немаат идеја за бизнис, можат да се зафатат и со одгледување на сладок компир. Бататот е тропска култура која нема врска со обичниот компир.
Еден килограм чини 330 динари во Србија. За почеток се потребни од 6.800 до 8000 евра. Тој може да вирее и да биде профитабилен ако се одгледува во Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора.