05 Декември, 2025
0.0392

(ВИДЕО) Изненадување со многу емоции: Тамара на гости кај Нина

Објавено во: Стил 30 Април, 2019 19:54

Добивај вести на Viber

Нашата годинашна претставничка на „Евросонг“, Тамара Тодевска, го посети домот на Нина Костовска и специјално за неа ја отпеа темата „Proud“.

- Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост. Нина, се гордеам со тебе! - порача Тамара.

Нина ѝ е добро позната на македонската јавност. Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници. Дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители. Нејзиниот животен став, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability“.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: