(ВИДЕО) Како изгледаше драматичното слетување на Боингот 747
Објавено во: Свет 29 Декември, 2014 23:47
Авионот „Вирџин Aтлантик“ кој денеска кружеше над Лондон бидејќи не можеше да извлече ниту едно тркало, успеал да се приземји на аеродромот Гетвик крај британската престолнина. Слетувањето било драматично. Боингот 747 најпрво ударил со тркалата на пистата, а потоа под нагиб успеал да се запре.
За среќа, никој не е повреден. Да потсетиме, Боингот 747 на оваа компанија беспомошно кружеше над југоисточна Англија откако му откажало десното тркало при полетувањето. Летот ВС43 од Лондон за Лас Вегас кружел над Лондон додека експерти се обидувале да пронајдат начин како Боингот 747 сигурно да се приземји без едно тркало.
Портпаролот на аеродромот Гетвик кратко потврдил дека авионот се враќал на полетувалиштето поради „мал технички проблем“. На аеродромот околу 20 возила на итна помош го чекале авионот, но за среќа немало потреба за интервенција.
Погледнето го драматичното слетување:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




