(ВИДЕО) Како ќе изгледа новиот Драмски театар
Објавено во: Економија, Стил 02 Март, 2016 22:31
Анимирано видео прикажува како ќе изгледа новиот објект на Драмскиот театар во Скопје.
Театарот, кој годинава прославува седум децении постоење, ќе добие нов објект на местото од постоечкиот, а инвестицијата ќе изнесува 10 милиони евра.
Министерството за култура веќе има распишано тендер за изведувач, а понудите ќе бидат отворени наредниот месец.
-Има доста заинтересирани фирми, отворањето на тендерот е на 4 април, така што доколку биде успешен, може да очекуваме на крајот на април, почетокот на мај, да почне изградбата на нов театар на местото на сегашниот Драмски. Објектот ќе биде доста функционален, со најсовремена сценска технологија по сите светски стандарди, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Новиот драмски театар ќе има две сали: една поголема, со 397 седишта, повеќе отколку сегашните 330, и ќе има помала сала до сто седишта. Вкупната бруто површина на целиот објект ќе биде 17.700 метри квадратни.
Честам анимација за новиот Драмски!!! :) П.С. Ако сакате комплетно доживување, во фон пуштете си ја 5-тата симфонија од Бетовен. Видеото пуштете го после првите два воведни такта! :) Posted by Роберт Вељановски on понеделник, 29 февруари 2016
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




