18 Мај, 2024
1.1754

(ВИДЕО) Како влијаат социјалните мрежи на човечкиот мозок?

Објавено во: Стил 10 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Иако луѓето се социјални битиа, тешко е онлајн комуникацијата преку социјалните мрежи да се поистовети со средбите „лице во лица“.

Како што пишува Хафингтон пост, времето поминато на социјалните мрежи, како Фејсбук, и тоа како влијае на човечкиот мозок, но добрата вест е дека последиците не се нужно лоши.

Така истражувањата покажуваат дека партнерите кои се запознале онлајн остваруваат повеќе врски отколку оние кои се сретнале во живо. Причината е веројатно во почетна анонимност.

Од друга страна, како лоша страна на социјалните мрежи треба да се истакне зависноста, па така 5 до 10% корисници не можат да го контролираат времето поминато на интерент. Како при зависноста од алкохол, мозокот често сака додатна стимулација, па човек не може да се запре.

Што се однесува до мултитаскингот (многу често присутен на социјалните мрежи), тоа всушност ги редуцира капацитетите и му отежнува на мозокот да запамети. Ваквото напрегање на мозокот може да доведе и до тоа да ви се причинува дека телефонот ви ѕвони дури и кога мирува, а тоа само покажува како технологијата дејствува на нервниот состав.

Кога говориме за социјалните мрежи, не смееме да го изоставиме и допаминот т.н. „хормон на среќа“. Докажано е дека 80% онлајн комуникација се сведува на зборување за себе, за разлика од „вистинската“ комуникација во која тој процент е 30-40%. Телото нас физички не наградува кога зборуваме за себе, а бидејќи на социјалните мрежи имаме публика, се лачи допамин и стануваме посреќни.

Погледнете на кој начин социјалните мрежи влијаат на вашиот мозок во забавното видео на AsapSCIENCEA: