ВИДЕО: Камиони со дисплеј за полесно претекнување
Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2015 14:28
Аргентина е огромна земја во која во сообраќајот на секои саат време животот го губи едно лице. Од таа причина компанијата Самсунг дошла до една несекојдневна идеја.
Колку пати ви се случило да се возите по пат кој има само една лента, а пред вас огромен камион? Не гледате ништо, не смеете да претекнувате во кривини, а додека го чекате рамниот дел од патот веќе се обидуваaт да ве пристигнат пет нервозни или посилни во колоната која се формира.
Поради тоа во Самсунг измислиле екран на задната страна на камионот. Камерата која се наоѓа на предниот дел на камионот ја покажува состојбата на патот пред него, а тоа се прикажува на задниот крај и така му олеснува на возачот на автомобилот да тргне во претекнување.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZetSRWchM4w[/embed]Иако едни велат дека ова е опасно, други дека технологијата може да погреши, многу мислат дека ова е генијална идеја која може да спаси некој живот.
Што мислите вие?
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




