06 Декември, 2025
0.0292

(ВИДЕО) Колку чини најскапото Велигденско јајце на светот?

Објавено во: Стил 14 Април, 2014 20:49

Добивај вести на Viber

Наликува на неверојатен спој меѓу јајцата на Фабреже и черепот на Демијан Хирст, јајцето „Мираж“ е единствена скапоценост што можат да си ја дозволат само најбогатите. Неверојатното Велигденско јајце има повеќе од 1.000 дијаманти на надворешната страна, од кои 100 се со единствена изработка. Освен ова јајцето се отвора и открива глобус кој е рачно изработен во 18-каратно злато. Глобусот се подига за да открие кристале гулаб на златно маслиново гранче, како симбол на светскиот мир. За да се изработи јајцето „Мираж“ беа потребни три години, па затоа неговата вредност не е воопшто евтина. Се проценува дека скапоценоста вреди пет милиони британски фунти и веќе е во сопственост на непознат колекционер. Дали вреди толку, погледнете во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=p2FVUcp5jMM

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: