19 Декември, 2025
0.0795

(ВИДЕО) Колку луѓе загинаа поради огнената стихија во Шпанија?

Објавено во: Свет 14 Август, 2025 16:16

Добивај вести на Viber

Три лица загинаа во пожарите во Шпанија. 

Бројот на жртви во шумските пожари во Шпанија се искачи на тројца откако почина доброволец кој доби тешки изгореници помагајќи во гаснењето на пожар во провинцијата Замора, потврди претседателот на регионот Кастиља и Леон, Алфонсо Фернандез Мануеко. Ова е втора жртва во овој регион и трета во земјата од почетокот на последниот бран пожари.

Најкритична е ситуацијата во Екстремадура, каде пожарот во општината Хариља три дена се шири неконтролирано, зафаќајќи околу 4.600 хектари. Евакуирани се повеќе населби, вклучувајќи ги Хариља, Кабезабелоса и Вилар де Пласенсија, додека Олива де Пласенсија беше целосно блокирана во текот на ноќта. Две куќи изгореа, а Цивилната гарда спроведе присилни евакуации за да ги заштити жителите од непосредна опасност. Поради силните ветрови и сувите бури, дел од автопатот А-66 е затворен, што дополнително ја отежна евакуацијата.

Вкупно 321 пожарникар и 12 авиони, вклучувајќи единици од Андалузија, Кастиља-Ла Манча и Мадрид, се ангажирани во обид да се стави под контрола пожарот, кој се протега на 48 километри. Во регионот Оренсе, пожарите предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и Галиција.

Во Терези де Кофрентес во Валенсија, пожар предизвикан од удар на гром доведе до евакуација на делови од градот и областа Ајора.

Вкупно 14 патишта се затворени во регионите Касерес, Замора, Леон, Паленсија и Уелва. Од Брисел е најавена помош со два авиони-танкера на ЕУ, потврди шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. 

Пожари има во Црна Гора, Албанија, Грција. 


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела