(ВИДЕО) КОНЕЧНО НА ФРИЗЕР ПО 100 ДЕНА КАРАНТИН: Во Њујорк животот се враќа во нормала
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Јуни, 2020
По 100 дена поминати во карантин, жителите на Њујорк конечно можеа да отидат на фризер.
Фризерските салони и берберниците ги отворија своите врати за клиенти за прв пат од средината на март.
Њу Џерси денес дозволи тренинг и натпревари за спортовите како што се голф и тенис, а за спортови што се сметаат за поризичен, како што е американскиот фудбал, на почеток има тренинзи без контакт.
Младите пливачи-натпреварувачи се вратија денеска во базените. Бројот на пливачи е ограничен на пет, и тие мора да ги почитуваат ознаките за одржување на растојанието во базенот.Ќе се отворат и детските игралишта.
Скоро 120.000 Американци починаа во пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.