18 Мај, 2024
0.0269

(ВИДЕО) КРВАВ КРАЈ НА ЗАЛОЖНИЧКАТА КРИЗА ВО СИДНЕЈ: Двајца загинати заложници, тројца се борат за живот

Објавено во: Свет 15 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Состојбата во австралискиот град Сиднеј, каде најмалку 13 лица беа приведени од страна на киднапери, доби свој епилог. Специјалците упаднаа во кафе барот, и дојде до жестоки пукања, во кои двајца го изгубија животот, а  тројца заложници се борат за живот.

Според последните информации, повредените се изнесени на болнички носилки од кафе барот. Сведоците наведуваат дека при упадот на плицијата се слушнале викотници: „Заложници, лежете долу“, а притоа е отворена вратата.

sidnej kidnaperi

-Операцијата е завршена - рекол портпаролот на полицијата, но не наведува никакви детали, пренесува АП.

Агенциите претходно известуваа дека полицијата упаднала во кафе барот „Линт“ непосредно бидејќи пет или шест заложници успеале да избегаат.

Полицајците успеале да влезат во кафе барот, во кои според некои медиуми се наоѓале помеѓу 15 и 30 заложници.

Централниот сиднејски центар денеска беше евакуиран, а повеќе стотина полицајци го опкружиле кафе-барот на продавницата за чоколада „Линт“, во кој престрашени заложници на прозорот држеле црно знаме со бели арапски букви, пренесуваат светски медиуми.

Вооружениот маж кој утрово ги држел како заложници вработените и посетителите на еден кафе бар во Сиднеј, е идентификуван како ирански бегалец Ман Харон Монис.

monis

Монис, којс себе си се нарекува шеик, бил осуден за сексуални напади и познат по тоа што праќа писма со пораки на омраза на австралиските војници.

-Сега веќе нема оперативни причини тоа име да го задржуваме за себе - рекол за Ројтерс полициски извор кој сакал да остане анонимен.

Монис, стар околу 50 години, минатата година е обвинет за соучеснитво во убиството на поранешната сопруга, која е избодена со нож во една зграда во Сиднеј.

Во 2012 година, бил прогласен виновен поради праќање на навредливи писма на семејствата на осум австралиски војници убиени во Авганистан, во знак на протест поради учеството на Австралија во судирите во таа земја.

Во почетокот на оваа година  Монис, кој себе си се нарекува „Духовен исцелител“, бил обвинет за недолично однесување и сексуален напад на една жена во 2002 година во Сиднеј. Обвинението во октомври е проширено.

Против него се покренати речиси 50 пријави поради обвиненија за сексуални напади во времето кога се претставувал како исцелител кој се занимава со црна магија.

На неговиот веб сајт се поставени фотографии од деца коие тврди дека се убиени во американските и австралиските воздушни напади.

Како што претходно пренесоа агенциите, киднаперот предупредил дека во кафе-барот се поставени две бомби, а во центарот на градот уште две, а побарал да му се донесе знаме на Исламската држава и да му се овозможи да разговара со австралискиот Тони Абот.

Компанијата „Линт“, во чиј кафе бар беа киднапирани луѓето, соопштила дека во објектот се наоѓаат 10 вработени и 30 гости.

Известувачите од лице место наведуваат дека досега шест лица истрчале од кафе барот. Прво истржале тројца мажи, после шест часа откако почнала заложничката криза, а околу час време подоцна трчајќи кафе барот го напуштиле и три жени. Не е познато дали тие побегнале или напаѓачот ги пуштил.

1585307-sidnej-foto-ap-2

Меѓу жените кои избегале се и две вработени во „Линт“ кои беа сликани од местото на настанот и чии слики го заобиколија светот.

Сведоци наведуваат дека се работи за знамето „шахад“, исламската афирмациска верата во ислам, на која пишува: „Нема Бог до Алах. Мухамед е божји гласник“.

Запослените од околните канцеларии се евакуирани, а полицијата побарала од граѓаните да останат внатре и да не се приближуваат до прозорците. Просторот околку кафе барот бил целосно опкружен со полиција.

Заменичката на полицискиот комесар на државаѕа Нов Јужен Велс Кетрин Берн рекла дека преговарачите на полицијата воспоставиле контакт со киднаперот и дека продолжуваат да „одржуваат контакт“, но и понатаму не  е познат мотивот поради кој се одлучил да ги киднапира вработените и посетителите на кафе барот.

САД го евакуирале конзулатот во Сиднеј, кој се наово во близина на кафе барот, пренесе Ројтерс. Конзулатот упатил предупредување до американските граѓани да бидат внимателни и да превземат чекори за јанкење на личната безбедност.

Воздушниот сообраќај над Сиднеј е затворен за да може евентуално да влијаат хеликоптерските единици на полицијата.

 Набрзо после веста за киднапирањето на луѓето, евекуирана е и познатата Сиднејска опера поради наводно сомнителниот пакет кој е пронајден во зградата. Силите за разбивање на демонстрации се наоѓале пред Операта.

Владата на Австралија претходно предупреди на опасност од напади на џихадистите кои се враќаат во таа земја од Ирак и Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама е известен за заложничката криза во Сиднеј, соопштил претставник на Белата куќа.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто