(ВИДЕО) ЛЕТАА ТУПАНИЦИ: Уште една тепачка во парламент
Објавено во: Свет 21 Декември, 2018
Тепачка повторно имаше во парламентот во Украина. Тупаници и туркања имаше меѓу пратениците, поради плакатот на кој се наоѓал украински политичар наречен Путинов агент.
Тупаници летаа на сите страни, а седницата беше прекината.
Во општата тепачка во салата на Врховната Рада учестуваат дваесетина пратеници.
До судирот дојде кога член на фракцијата на Опозицискиот блок Нестор Шуфрич го искина транспарентот залепен на говорница, а на кој пишуваше „Путиновиот агент Меведчук - на суд“. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј се обиде да ги смири разбеснетите пратеници, но не успеа.
Вчера имаше сличен инцидент и во албанскиот парламент кога премиерот Еди Рама, додека беше на говорница, го гаѓаа со јајца. Пратеникот што го гаѓаше Рама со јајца доби 10 дена забрана да присуствува на седница.
Тепачка имало и во косовскиот парламент.