15 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) МАЖИ vs. ЖЕНИ: Цела година носел ист костум, никој не приметил!

Објавено во: Стил 17 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Австралиски ТВ водител цела година на екран носел ист плав костум за да укаже на сексизмот со кој се соочуваат неговите колешки. „Никој не забележа, не им е гајле. Но, ако жена облече погрешна боја веднаш ја гњават. Ако каже погрешна работа, за нив се пишуваат илјадници твитови“, вели 40-годишниот Крал Стефановиќ, водител на утринската емисија Тудеј на американскиот Канал 9. Стефановиќ, чиј татко има српско-германско потекло, наведе дека неговата колешка водителка Лиса Вилкинсон често прима критики заради изборот на облека. „Кој е, по ѓаволите стилист на Лиса? Денешната облека и беше особено нескладна и грозна“, напишале гледачи во една електронска порака. Од друга страна, на гледачите изгледа воопшто не им пречи што Стефановиќ цело време е облечен во иста гардероба. „Мене ме оценуваат според моите интервјуа, мојата грозна смисла за хумор, во суштина според тоа како си ја работам работата. Додека жените често ги оценуваат според тоа како се облечени и како им изгледа косата“, признава водителот. http://www.youtube.com/watch?v=mFWHeONDZNI