20 Декември, 2025
0.0461

(ВИДЕО) Моментот на апсење на шефот на италијанската мафија

Објавено во: Свет 06 Декември, 2014 14:32

Добивај вести на Viber

Италијанската полиција објави видео од апсењето на Масимо Карминати, кој се смета за шеф на италијанската мафијашка организација „Мафија Капитале“. Полицијата го сомничи Карминати дека бил на чело на криминална банда која поткупувала политичари за подоцна да изнудуваат пари или да добиваат зделки на вредни јавни тендери. Снимката покажува како полициски автомобил подготвува и изведува заседа во една тесна уличка надвор од Рим. Автомобилот му пришол на Карминати во обратна насока и му го блокирал патот, карабинерите излегле со вперено оружје, а осомничениот криминалец не дал отпор. Истрагата која довела до апсење на Карминати траела цели две години, а вклучувала надзор и прислушкување на телефонски разговори, преку кои било откриено како локалните криминалци создавале цврсти врски со политичарите. Италијанската полиција ја обвини „Мафија Капитале“ за подигање на цените во градинарските услуги, социјалните станови, камповите за бегалци, одржување на сообраќајници и собирање на отпадот. Освен Карминати се уапсени уште 36 лица, а градоначалникот на Рим Џани Алемано си поднесе оставка на функцијата. Во операцијата биле запленети и 204 милиони евра во пари и имот. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=KKxNX68Q8bo#t=65[/embed]

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја