(ВИДЕО) Мостар: Турист скокна од мостот, мештаните го дочекаа со тупаници
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2025 21:43
Неодговорното однесување на странски турист можело да има трагичен исход денеска во Мостар, кога непрофесионално скокнал од Стариот мост во реката Неретва, и покрај предупредувањата на локалното население, пишува Ослобоѓење.
Откако излегол од студената вода, го пречекала група револтирани мостарци кои физички го нападнале, огорчени од неговата непромислена постапка.
Скокот е снимен со мобилен телефон, а видеото брзо се споделува на социјалните мрежи.
Скокањето од Стариот мост е долгогодишна традиција во Мостар и бара исклучителна физичка подготвеност, тренинг и претходна најава, бидејќи висината на мостот е околу 24 метри, а температурата на реката често е екстремно ниска, дури и во текот на летните месеци.
Turista skočio sa Starog Mosta, Mostarci ga pretukli pic.twitter.com/O8ASgYKAg5
— Doznajemo (@Doznajemo) June 27, 2025
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





