06 Декември, 2025
0.0525

(ВИДЕО) НАЈЛУКСУЗНА ПЕШТЕРА - ХОТЕЛ: Ја посетиле холивудски ѕвезди, а денес се продава

Објавено во: Стил 29 Август, 2018 16:46

Добивај вести на Viber

Најлуксузната пештера на светот е дадена на продажба. 

Се работи за туристички објект со ноќен клуб за ВИП гости. Сега Бекам крик кејв лоџ, позната како најлуксузната пештера во светот, се продава за 2,8 милиони долари.

Камени формации ја прават посебна оваа пештера. 

Ова било засолниште при нуклеарни напади, а потоа и приватна резиденција.

Последниот сопственик решил пештерата да ја направи хотел и атракција за туристи.

Пештерата која се наоѓа во Арканзас, доживеала неколку трансформации од 80-тите години па навака, а беше прогласена за едно од 10-те најуникатни места на земјата.

Холивудски ѕвезди како Мајкл Џексон и Елизабет Тејлор биле на отворањето на ноќниот клуб во пештерата. Преуредена била во 2007 година, па потоа во 2014 година и сега во неа има четири спални соби и четири бањи. Сите простории се богати со природни камени формации, бидејќи при сите фази на изградби и преуредување, оригиналноста на пештерата била зачувана.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: