19 Мај, 2024
0.0295

(ВИДЕО) „Најопасната патека на светот“ повторно се отвора за туристите

Објавено во: Стил 16 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Caminito del Rey, патека која многумина ја нарекуваат „најопасна патека на светот“, наредната зима повторно ќе биде отворена за туристите кои ќе ја посетат Шпанија после реконструкцијата, иако вреојатно нема да биде подеднакво застрашувачка, пишува telegraph.co.uk.

Таканаречената најопасна патека за пешачење ќе биде отворена за туристите во почетокот на следната година после повеќе милионската реставрација. Меѓутоа, новата верзија ќе биде значајно „кротка“ од онаа која благодарение на интернетот стана позната на многу луѓе ширум светот.

Патот Caminito del Rey, која во превод значи „Царски пат“, привлече внимание на милони луѓе кои на интернет ги гледале авантуристите како пешачат по неа.

Меѓутоа, откако оваа патека одзеде човечки животи во 1999 и 2000 година, и двата влезови се затворени, но и покрај забраната, шеташите продолжиле да се движат по оваа кратка патека.

Од тогаш, оваа патека е целосно напуштена, а сите шетачи ја користеле со максимално внимание со оглед на тоа дека од падот на Гуадалхорце реката останале неколку ступчиња.

Регионалната влада во Андалузија во 2011 година заедно со градската влада на Малага одлучила да го реновираат патот, а цената на реновирање изнесувала 5 милиони евра.

Работите почнале во март оваа година, а властите се надеваат дека патеката ги привлече туристи во оваа област.

Оригиналната патека е долга 1.2 километри е направена е како работниците би можеле да стигнат до браната Гуадалхорче.

Кога таа ќе биде отворена за јавноста во јануари или фебруари 2015 година, таа првите три месеци ќе биде бесплатна за туристите, а после истекот на овој рок, ќе биде потребно да се плаќа одредена надокнада со оглед на тоа дека секој ден само на одреден број туристи ќе им биде дозволено да ја користат патеката после безбедности причини.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“