(ВИДЕО) НАУЧНА РЕВОЛУЦИЈА: Ги контролира вештачките раце со мисли
Објавено во: Свет 20 Декември, 2014 18:00
Со помош на применета физика, Лес е во состојба во која со својот мозок може да контролира протетички раце, а се што треба да направи е само да размислува на движењата и рацете ќе ги следат неговите мисли.
Леси носи опрема наречена „socket“ која ги спојува протетичките раце со неговото тело, односно ништо не е трајно поврзано за него.
Со помош на оваа техника, истражувачите мереле на кој начин неговите мускули и нерви реагираат кога размислува на движење на рацете. Набрзо потоа кога тој ќе помислел раката да се придвижи кон лево или десно, да ја постави во одредена положба, или да дофати нешто, протетичките раце ги исполнувале неговите желби.
Мажот од Колорадо е првиот на кого двете раце му се ампутирани над лакти и кој носи две протетички раце одеднаш поради што истражувачите му посветиле големо внимание. Тој поминува многу време во вежбање за да исполни различни задачи.
„Можеби ќе бидам во можност во иднина да вметнам пари во автомат и да си извлечам чоколада или сок од него. Тоа се наједноставните работи на кои поголем дел од луѓето никогаш не размислуваат“, истакнал Лес.
Тој моментално може да ги користи рацете само во лабораториски услови, но еден ден ќе има и свои сопствени.
„Само што почнавме со развојот на оваа техника. Се чуствуваме како во првите денови на интернетот. Пред нас е огромен потенцијал и мислам дека во наредните пет години ќе постигнеме навистина феноменален напредок“, истакнал Мајк МекЛефин, истражувач од универзитетот Џон Хопкинс.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=9NOncx2jU0Q[/embed]
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




