06 Декември, 2025
0.0640

(ВИДЕО) Неговиот живот е сечиј сон: Келнер пронашол грешка на банкомат па си подигнал милиони!

Објавено во: Стил 04 Ноември, 2014 18:43

Добивај вести на Viber

Дан Сандерс, келнер од Австралија живеел живот на милионер кога во 2011 година случајно открил технички пропуст на банкомат, со помош на кој подигнал околу 1,2 милиони евра.

Следеа неколку месеци исклучиво лесен живот, а Сандерс во тој период огромни пари трошел на приватни летови, коцкање, скапи ресторани и проститутки.

Се започнало во текот на едно излегување кога Сандерс дошол до банкоматот да подигне пари, но на сметката имал само три долари, па одлучил од кредитната картичка да префрли 200 долари. „Пишало дека трансакциската е поништена, но од банкоматот си отидов со 200 долари“; вели Сандерс. Имено, банкоматите во одреден дел од денот се исклучуваат поради редовно одржување. Во тој момент, граѓаните можат да подигнат пари, но без информации за состојбата на сметката, бидејќи тие трансакции не се регистрираат. Сандерс продолжил да подига пари, износите непрекинато растеле, а со парите дошле и проблемите. „Ја изгубив девојката и работата, но имав неограничен извор на пари. Одлучив да се наживеам“, наведува Австријалиојанецот кој веднаш знаел дека ваквиот начин на живот ќе биде краткотраен. Почнал да живее како милионер, а во неговите кругови се претставувал како професионален покер играч, хирург и банкар. Во јуни го пријавил пропустот во банката, а тие му кажале дека полициската истрага е во тек. Сандерс престанал да подига пари и јавно проговорил за својата измама. Полицијата издала налог за негово апсење а тој одеднаш мистериозно исчезнал.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: