(ВИДЕО) Неговите пријатели тргнале на Дочек за Новата година, тој се откажал во последен момент!
Објавено во: Свет 28 Декември, 2014 18:58
Роднините на лицата кои исчезнаа на летот QZ8501, во југоисточна Азија се собраа на аеродромот во малезискиот град Сурабаја. Едно момче на новинарите им раскажало како требало со пријателите да замине на дочек за Новата година во Сингапур токму со тој авион, но се откажал.
-Се надевам на чудо и дека Бог сите ќе ги спаси. Требаше и јас да бидам во тој авион, но ги откажав картите пред две недели. Во авионот се моите два пријатели и членови на нивните семејства. Сите планиравме пат во Сингапур, за да ја дочекаме заеДно новата 2015 година. Се слушнав со еден од нив пред да полетаат. Набрзо потоа, добив лоши вести - вели момчето од снимката.
Потрагата за авионот „Ер Азија“ , кој на летот од Сурабаја до Сингапур утрово исчезна со 162 патници и членови на екипажот, е прекината поради мракот.
Авионот полетал од иднонезискиот град Сурабаја, а во него се наоѓале двајца пилоти, пет членови на кабинскиот персонал и 155 патници вклучувајќи 16 деца и едно бебе.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




