(ВИДЕО) Нелоски фрли балон со вода кон Министерството за здравство
Објавено во: Македонија 03 Април, 2021
Да го измиеме срамот – кога во Македонија умираат по 50 луѓе на ден Заев и Филипче летаат со хеликоптер, порача денеска на протестот пред Министерството за здравство, претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.
Тој фрли балон полн вода кон Министерството за здравство.
„И како што го поздравивме српскиот министер за здравство, да го поздравиме и нашиот министер за здравство и провизија. Убијци се оние луѓе кои што, кога во државата починуваат 50 луѓе одат како севернокорејци со хеликоптер да се шетаат низ државата“, истакна Нелоски.
Тој рече дека наместо да одат со хеликоптер низ државата, премиерот и министрите можеле да одат во светот и да бараат вакцини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.